Коман пак ќе плати 50.000 евра за доаѓање на тренинг во „погрешен“ автомобил

Коман пак ќе плати 50.000 евра за доаѓање на тренинг во „погрешен“ автомобил

пред 4 години

Крилото на Баерн Минхен, Кингсли Коман го очекува втора казна од 50.000 евра откако пристигнал на тренинг на баварскиот клуб со Мерцедес наместо со автомобилот даден од главниот спонзор Ауди, јавува „Билд“.

Според германскиот весник, Коман пристигнал на тренинг со Мерцедес, но не му било дозволено да влезе во тренинг-центарот од вработени во клубот, по што го паркирал автомобилот на улица и пешки отишол на тренинг. Ауди е сопственик на 8.33 отсто од Баерн Минхен и се верува дека плаќа околу 50 милиони евра на баварскиот гигант.

Ова не е прв ваков прекршок на 24-годишниот Французин, кој лани пристигна во тренинг-центарот на Забенер штрасе со супер-автомобил на Мекларен. Тогаш тој се правдаше дека пристигнал со сопствен автомобил бидејќи му бил скршен ретровизорот на Ауди.

Коман се правда што не возеше „Ауди“: Ми беше скршен ретровизорот

Share
Scroll to Top