Крсте Велкоски ќе остане во Сараево

Крсте Велкоски ќе остане во Сараево

пред 3 години

Сараево и Крсте Велкоски (33), постигнале договор за продолжување на соработката. Искусниот фудбалер е под договор со клубот до крајот на овој месец, а според медиумите во БиХ, тој во клубот ќе остане до јуни 2023 година.

Велкоски, минатата сезона, за Сараево одигра 34 натпревари, во сите натпреварувања, постигнал четири гола и забележал седум асистенции.

Вкупно, во два мандати, дресот на Сараево го носел на 209 натпревари, на кои постигнал 66 голови.

Велкоски, во првиот мандат бил играч на Сараево од 2014 до 2016 година, потоа 18 месеци играл во Јужна Кореја и Тајланд, откаде се врати на „Кошево“.

Во кариерата, со Сараево, Велкоски, освоил по три трофеи во првенството и Купот на Босна и Херцеговина.

Share
Scroll to Top