Куп финалето од минатата сезона ќе се игра напролет

Куп финалето од минатата сезона ќе се игра напролет

пред 3 години

Новата сезона во Купот на Шпанија започна, иако се уште не сме го добиле победникот од минатосезонското издание. Како сега стојат работите, освојувачот на Копа дел Реј за сезоната 2019/2020, ќе биде познат пролетта во 2021 година.

Финалисти во Купот се Реал Сосиедад и Атлетик Билабо. Поради пандемијата на коронавирусот и ре-стартот на сезоната без присуство на навивачи, клубовите постигнаа договор со Шпанската федерација, финалето да биде одиграно, кога ќе се стекнат услови, гледачите да се вратат на трибините.

Медиумите информираат дека услови за враќање на навивачите на стадионите можатд а се стекнат на пролет, наредната година и дека финалето на Купот ќе биде првиот меч, во Шпанија по пауза од една година, што ќе се игра пред навивачи.

Предложено е финалето да се одигра на 4.април 2021 година.

Ова ќе биде прво финале во кое ќе игра екипи од Баскија по пауза од 94 години.

Share
Scroll to Top