Левандовски ги победи Меси и Роналдо за наградата на ФИФА

Левандовски ги победи Меси и Роналдо за наградата на ФИФА

пред 4 години

Роберт Левандовски е освојувач на „ФИФА Бест“ наградата како најдобар фудбалер во 2020, победувајќи ги легендарните Лионел Меси и Кристијано Роналдо, откако имаше фантастична сезона предводејќи ги Баерн Минхен до титули од германскиот куп, Бундеслигата и Лигата на шампионите.

Во 2019/20, Левандовски постигна вкупно 55 гола во 47 меча, од кои 34 во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампиони во една блескава сезона. Тој веќе ја доби наградата на УЕФА за најдобар во 2019/20, но ќе му избега најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“ на „Франс фудбал“, откако организаторот реши да не го доделува трофејот поради пандемијата на КОВИД-19.

ФИФА исто така го објави својот најдобар тим за 2020: Алисон Бекер (Бразил, Ливерпул), Трент Александер-Арнолд (Англија, Ливерпул), Серхио Рамос (Шпанија, Реал Мадрид), Виргил ван Дајк (Холандија, Ливерпул), Алфонсо Дејвис (Канада, Баерн Минхен), Кевин де Брујне (Белгија, Манчестер сити), Тијаго Алкантара (Шпанија, Ливерпул), Џошуа Кимих (Германија, Баерн Минхен), Лионел Меси (Аргентина, Барселона), Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус) и секако, Левандовски.

Луси Бронз, од оваа сезона фудбалерка на Манчестер сити, е прогласена за најдобра фудбалерка откако со Англија стигна до бронзениот медал на Светското првенство.

Претходно, Јирген Клоп од Ливерпул беше прогласен за најдобар тренер, додека Сон Хеунг-Мин од Тотенхем беше добитник на Пушкаш наградата за најдобар гол.

Клоп е подобар тренер од Флик според ФИФА, Пушкаш наградата за Сон!

 

Share
Scroll to Top