Легендата на Сиетл отвора канабис-шоп

Легендата на Сиетл отвора канабис-шоп

пред 3 години

Легендарниот кошаркар на Сиетл Суперсоникс, Шон Кемп отвора канабис-шоп во Сиетл, на простор од 400 квадрати. Тоа ќе е една од ретките продавници од таков вид во градот, кој е во сопственост на Афроамериканец.

„Ги повикувам сите навивачи на Соникс да доаѓаат кај мене што е можно почесто. Се надевам дека овој дуќан ќе е инспирација за многумина да се вклучат во легалната индустрија со канабис, посебно Афроамериканците“ – рече Кемп.

Излогот на дуќанот ќе го украсува голем мурал посветен на играчките денови на Кемп. Отворањето е предвидено за 30. овој месец, а на него се очекува да присуствува и неговиот поранешен соиграч, Гери Пејтон.

Share
Scroll to Top