По Монако, уште еден тим што ќе се бори за висок пласман во Лига 1, не успеа да победи во првото коло од новата сезона. Олимпик Лион одигра само 1:1 со Брест.
Брест, во финишот на првиот дел, го постигнаа првиот гол на натпреварот. Во 43.минута стрелец беше Кардоне.
Бод за Лион спаси, искусниот Слимани во 62.минута. Алжрецот една минута претходно влезе на теренот.
На клупата на Лион дебитираше новит тренер Питер Бос.
Во наредното коло Лион ќе гостува кај Анже, а Брест ќе го пречека Рен.