Лоша вест за Партизан – ако Фенербахче добие нова управа, Обрадовиќ се враќа во Истанбул

Лоша вест за Партизан – ако Фенербахче добие нова управа, Обрадовиќ се враќа во Истанбул

пред 3 години

Српскиот кошаркарски стратег, Жељко Обрадовиќ не е далеку од клупата на белградски Партизан, во тек се преговори. Сепак и други кошаркарски клубови го планираат Србинот во своите редови.

Поранешниот претседател на Фенербахче, Азис Јилдирим е разочаран поради падот на клубот откако тој замина од функцијата. Јилдирим во турскиот клуб помина 20 години, а во 2013 година беше најзаслужниот што тренер на „жолто-црните“ стана токму Обрадовиќ.

Тој вели дека доколку повторно стане претседател на клубот, веднаш ќе го врати српскиот стручњак на клупата на Фенер со намера клубот секоја година да биде дел од Ф4 турнирот.

Претседателските избори во Фенербахче се утре и задутре, а „Гробарите“ се надеваат дека Јилдирим нема да им го „украде“ Обрадовиќ.

Share
Scroll to Top