Македонија против Грузија без Енис Барди

Македонија против Грузија без Енис Барди

пред 4 години

Енис Барди, играчот на шпански Леванте, поради повреда ќе го пропуши натпреварот со Грузија во Тбилиси. Покрај Барди, во Тбилиси не отпатуваа Кире Ристевски и Крсте Велкоски. Овие двајца фудбалери биле позитивни на коронавирусот на последното тестирање.

Барди, еден од најзначајните играчи во македонската репрезентација, имал проблеми со рбетот. Тој наместо во Тбилиси ќе се врати во својот клуб, на дополнителни прегледи.

Отсуството на Барди претставува сериозен удар за плановите на селекторот Игор Ангеловски, кој најверојатно против Грузија нема да може да смета ниту на капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми.

Дуелот Грузија-Македонија се игра утре со почеток во 18 часот. Победникот ќе избори пласман на Еворпското првенство наредната година.

Share
Scroll to Top