Мален и Дамфрис ќе заминат од ПСВ, признаваат од холандскиот тим

Мален и Дамфрис ќе заминат од ПСВ, признаваат од холандскиот тим

пред 3 години

Тренерот на ПСВ Ајндховен, Роџер Шмит потврди дека првите ѕвезди на неговиот тим, Дензел Дамфрис и Донјел Мален најверојатно бргу ќе заминат од холандскиот клуб.

Двајцата фудбалери импресионираа за Холандија на ЕУРО 2020, по што почнаа шпекулациите дека големи европски клубови ги бараат за трансфер. Дамфрис беше поврзуван со Интер, Баерн Минхен и Евертон, додека Мален го следат Борусија Дортмунд и Ливерпул.

„Не очекувам да се вратат во тренинг-центарот во Хердганг. И минатата сезона беше јасно дека сакаат да направат трансфер во странство, а сега тоа го очекувам уште повеќе. Би било подобро за мене да останат во тимот, но ќе биде тешко да се оствари тоа“, вели Шмит.

22-годишниот Мален според шпекулациите на германските медиуми е прва цел на Борусија Дортмунд, како замена за Џејдон Санчо, додека 25-годишниот Дамфрис би бил замена за Ашраф Хакими во Интер, кој е пред промоција во ПСЖ.

Share
Scroll to Top