Јавното обвинителство на Аргентина, во истрагата за смртта на Диего Марадона, ќе го стави и извештајот на стручната медицинска комисија. Во извештајот на комисијата се наведува дека медицинската грижа за Марадона била „невнимателна“.
Иконата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Диего Марадона, почина на 25.ноември минатата година од срцев удар. На неговата смрт и претходеше операција на мозокот. Во исто време Марадона го лекува од алкохолизам.
Во извештајот на 70 страници, комисијата потенцира дека на Марадона му се слошило 12 часа пред смртта и дека не бил „по пропишан медицински надзор“.
Весникот „Кларин“ наведува дека лекарите кои биле задолжени за Марадона, оставиле фудбалерот да ѝ биде „препуштен на судбината“. Исто така, во текстот пишува дека кон здравјето на Марадона лекарите се однесувале „невнимателно“.
Под истрага на обвинителството се личниот лекар на Марадона, Лаополдо Луке и психијатрите.
Истрагата за смртта на Марадона е завршена, „Кларин“ наведува дека една точка од обвинението ќе биде „убиство од негрижа“.