Францускиот маратонецот Морхад Амдуни беше еден од спортистите кои го одбележија последниот олимписки ден во Токио, но не поради некое достигнување, туку поради тоа што во тешката трка кога дојде до масата со шишиња вода ги турна сите пред да си земе едно.
Амдуни, кој на крајот завршо 17., вели дека нема ништо контроверзно во снимката која стана вирална на интернет и дека се работело за случајна грешка.
„Со целиот замор, почнуваш да ја губиш луцидноста и енергијата. Би сакал да се извинам на сите тркачи. Во еден момент се обидов да земам шише вода, но тоа ми се лизна. Секогаш сакам да споделувам вода во текот на трка и ги почитувам сите. За да се гарантира водата да биде свежа, тие се потопени во вода и затоа се лизгави“, напиша Амдуни на социјалните мрежи.
Не е многу за верување, нели?
Morhad Amdouni (France) deliberately knocks over all the water for his fellow contesters in the marathon. Abdi Nageeye (Holland) was directly behind him and didn’t get a bottle. Nageeye won silver. Amdouni finished 17th. Karma is a bitch. #Olympics pic.twitter.com/R9YP64T7OI
— Peter Valstar (@pvalstar) August 8, 2021