Маркез е повторно опериран, ќе паузира шест месеци

Маркез е повторно опериран, ќе паузира шест месеци

пред 3 години

Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез е опериран во Мадрид. Шпанецот трет пат ја оперираше коската во рамето. Тој се повреди на првата трка, во Мото ГП шампионатот, на 19.јули во Херез.

Неговиот тим соопшт дека на Маркез му била отстранета плочката и била поставена нова која треба подобро да ја спои скршената коска. Операцијата траела осум часа.

Извесно е дека рехабилитацијата ќе трае шест месеци, што значи дека тој ќе пропушти неколку трки во новата сезона, која ќе започне на 28.март 2021 година.

Марк Маркез има 27 години, во досегашната кариера осум пати бил светски првак, шест пати во „кралската класа“ и по еднаш во класата до 125 кубни сантиметри и Мото 2.

Share
Scroll to Top