Медведев го „уништи“ Ѓоковиќ и влезе во полуфиналето во Лондон!

Медведев го „уништи“ Ѓоковиќ и влезе во полуфиналето во Лондон!

пред 4 години

Русинот Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на АТП финалето во Лондон, откако со 6:3/6:3 го декласираше светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ за втора победа на завршниот турнир од сезоната.

Медеведев сега ќе го очекува Диего Шварцман во последното коло по групи, додека Ѓоковиќ во директен дуел со Александер Зверев ќе го брка второто место во полуфиналето.

Русинот ја продолжи фантастичната низа резултати во финишот на сезоната, откако неизвесноста против светскиот број 1 траеше само до 3:3 во првиот сет, по што освои неверојатни шест гема во низа – го освои првиот сет и направи 3:0 предност во вториот. Ѓоковиќ игладеше незаинтересирано за игра, откако не успеа да направи ниту една брејк топка против Русинот.

Share
Scroll to Top