Медведев прв во полуфиналето на САД опен

Медведев прв во полуфиналето на САД опен

пред 3 години

Светскиот рекет број 2, Данил Медведев беше на пат до експресна победа и пласман во полуфиналето на САД опен, пред да налета на упорниот Холанѓанец Ботик ван де Цандшлуп, за на крајот да победи со 6:3/6:0/4:6/7:5.

Медведев, кој уште ја брка својата прва гренд слем титула, почна фуриозно, освојувајќи ги првите два сета за само еден час, пред Ван де Цандшлуп, кој се наоѓа на 117. место на АТП листата, да се врати во четвртиот сет и со еден брејк да намали на 2:1. Проблемите за Русинот продолжија и во третиот сет, но еден брејк беше доволен да се комплетира победата.

Следен за Медведев ќе биде еден од младите таленти, 12. носител, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим и шпанската сензација, Карлос Алкараз. На другиот дел од ждрепката во четврт-финалињата се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини, како и Александер Зверев и Јужноафриканецот Лојд Херис.

Share
Scroll to Top