Мејведер-Логан Пол ќе ги урне сите рекорди по заработувачката?

Мејведер-Логан Пол ќе ги урне сите рекорди по заработувачката?

пред 3 години

Флојд Мејведер Јуниор е познат како еден од најлегендарните боксери во историјата на спортот, но и човек со прекар „Money“ (пари), така што не е чудно што неговите претставници најавуваат дека бизарниот меч против Јутјуберот, Логан Пол ќе ги сруши сите рекорди за гледаност.

43-годишниот Мејведер ги шокираше боксерските „пуританци“ со најавата со меч со 25-годишниот Пол на 20 февруари 2021 година, прво поради изборот на противникот (кој покрај неискуството има и предност во 20-тина килограми и 15-тина сантиметри од него), но и поради „банализирањето“ на спортот.

Сепак, тоа не го загрижува Мејведер. Тој останува крал на правењето пари, продавајќи неверојатни 29 милиони пеј-пер-вју гледања во неговата 50-0 кариера. Во 2015 година, неговата победа на поени над Мани Пакајо го сруши рекордот со 4.6 милиони продавања, а две години подоцна дуелот со УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор стигна блиску до оваа цифра со 4.4 милиони продавања.

Двата меча донесоа блиску до 800 милиони долари во приходи, но Соломон Енгел, промотерот на мечот во февруари, вели дека рекордот ќе падне во февруари.

„Секако дека одиме на рекордот бидејќи проекциите го кажуваат тоа. Веќе има доста продажби, што е невидено толку пред мечот. На два месеци, ние сме презадоволни и сметаме дека мечот е успешен“, вели Енгел за „Сан“.

Тој ги отфрла критиките дека мечот е „навреда“ за боксот.

„Боксот е спорт, и како во секој друг спорт, луѓето се добредојдени да учествуваат. Мислам дека овој меч е добра вест за боксот бидејќи не е традиционална борба и ќе привлече повеќе гледачи“, додава Енгел.

Share
Scroll to Top