МЗТ не успеа да направи изненадување на гостувањето кај Игокеа. Екипата која ја предводи поранешниот македонски селектор, Драган Бајиќ, славеше во неизвесна завршница со 96.90.
Натпреварот го решија Кендрик Реј и Харис Делалиќ. Американецот постигна 37 поени, а Делалиќ мечот го заврши со 10 поени, од кои осум постигна во три напади, во последните две минути, кога МЗТ направи пресврт и имаше водство 86:88.
МЗТ го предводеа Кофи со 21 поен, пет скока и осум асистенции, Мичовиќ со 18 поени и Ајви со 12 поени.
МЗТ остана на 12.место на табелата со две победи и седум порази. Во наредното коло, на 10.декември, МЗТ ќе го пречека Борац.
Фото/АБА лига