Мурињо загрижен за „свинската кочина“, соблекувалната на Стоук сити

Мурињо загрижен за „свинската кочина“, соблекувалната на Стоук сити

пред 3 години

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо признава дека видел фотографии од гостинската соблекувална на Стоук сити пред нивниот утрешен меч во Карабао купот и дека е загрижен, но англискиот второлигаш потврди дека условите се подобрени откако соблекувалната беше наречена „свинска кочина“ од менаџерот на Мидлзборо, Нил Ворнок.

Сите клубови од Англиската фудбалска (ЕФЛ), мораа да направат модификации на своите стадиони за придржување на правилата за КОВИД-19, по што многу клубови се решија гостинските соблекувални да се привремени простории. Ворнок по гостувањето кај Сток вели дека е срамота да се пречека тим со вода на подот и пареа од мотор, велејќи дека „дури и свињите би избегале од таква свинска кочина“.

Мурињо признава дека е загрижен.

„Го видов тоа видео од колега кој работи за друг тим и неодамна играше со нив. Јас немаше да зборувам за тоа, но вие ме прашавте. Тоа не е прашање за мене, туку за властите. Фудбалските, здравствените, безбедносните. Не сакам да бидам лошото момче кое зборува за соблекувалната на Стоук“, вели Мурињо.

Според англиските медиуми, неколку клубови официјално се пожалиле на условите по стартот на сезоната и клубот во соработка со ЕФЛ лигата, веќе ги обновил соблекувалните пред мечот со Блекбурн во текот на викендот.

Share
Scroll to Top