Надал во ново париско полуфинале, Раонич се врати од бездната

Надал во ново париско полуфинале, Раонич се врати од бездната

пред 3 години

Рафаел Надал уште еденаш е во полуфинале во француската престолнина, откако овојпат на Мастерсот во Париз со 4:6/7:5/6:1 го победи својот сонародник Пабло Карењо Буста за првпат по подолго време да изгледа свеж и подготвен за титула во финишот на сезоната.

Втор меч во низа, Надал се мачеше во три сета, откако имаше спор старт, но потоа откако го доби тесниот втор сет, доминираше во третиот за да обезбеди меч со подобриот од дуелот меѓу ветеранот Стен Вавринка и Александер Зверев.

Во второто полуфинале ќе играат Данил Медведев и 10-тиот носител, Милош Раонич, кој спаси две меч-топки во тај-брејкот во третиот сет за да го победи домашниот фаворит Иго Умбер со 6:3/3:6/7:6(7) по 2 часа и 19 минути. Ова е трето полуфинале во Берси за Канаѓанецот.

Share
Scroll to Top