Надал првпат на тренинг по операцијата на стапалото!

Надал првпат на тренинг по операцијата на стапалото!

пред 3 години

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал почна да тренира, по операцијата на стапалото. Тој не е активен на тениските терени уште од почетокот на август, а сега е снимен како тренира во својата академија на Мајорка што е негово прво појавување по операцијата.

Ако може да се заклучи од снимката од тренингот, делува дека повредата е минато за Шпанецот. Неговата работа ја надгледуваше неговиот тренер Карлос Моја.

Надал од порано објави дека до крајот на 2021 година нема да настапува што укажува на тоа дека сака да е 100% подготвен за првиот годинешен грен слем во 2022 година – Австралија опен

Share
Scroll to Top