Македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе го судат финалниот натпревар, на машкиот ракометен турнир во Токио.
За златниот медал ќе се борат актуелниот олимписки и светски првак Данска и Франција. Финалниот мел на програмата е во сабота од 14 часот.
Начевски и Николов, на Олимписките игри, ја делеа правдата на шест натпревари.