Најтежок распоред на светот? Сити ќе гостува кај Челси, ПСЖ и Ливерпул во осум дена!

Најтежок распоред на светот? Сити ќе гостува кај Челси, ПСЖ и Ливерпул во осум дена!

пред 3 години

Пеп Гвардиола се наоѓа пред можеби најголемиот предизвик во неговата богата тренерска кариера, откако во една недела неговите Манчестер сити ќе има две клучни гостувања во Премиерлигата и едно во Лигата на шапиони.

„Граѓаните“, прво во сабота ќе играат на „Стемфорд бриџ“ против Челси на Томас Тухел, тимот кој лани ги победи за титулата во Лигата на шампионите, за потоа во среда да гостува на „Паркот на принцовите“ во „нафташкиот“ богаташки дуел во ЛШ, и следниот викенд повторно да се на гости, овојпат на секогаш непријателски расположениот „Енфилд“ кај Ливерпул.

Досегашната форма на Сити не ни даде шанси да го прогнозираме исходот на сезоната. Тие ги декласираа Норич и Арсенал со 5:0, победија на гости кај Лестер и им дадоа шест гола на РБ Лајпциг во Лигата на шампионите. Меѓутоа тука беа и неубедливите мечеви – 1:0 поразот од Тотенхем на стартот на сезоната и 0:0 ремито против Саутемптон дома, во меч во кој на Саутемптон им беше досуден пенал, па поништен.

Share
Scroll to Top