На се или на ништо вечерва ќе игра фарнцуски ПСЖ на реванш полуфиналето во Манчестер против „граѓаните“ на Гвардиола. Првиот меч на „Паркот на принцовите“ заврши со резултат 2-1, ама во корист на англискиот тим. Затоа сега на четата на Покетино и требаат најмалку 2 постигнати гола на „Итихад“.
Иако очигледно некомплетно рехабилитиран, во комбинација за настап е и Килијан Мбапе, а нападот на „Светците“ ќе го предводи Бразилецот Нејмар кој порача дека е подготвен да оди до крај во двобојот со Сити.
„Ќе направам се што е можно само да се пласираме во финалето, дури и ако тоа значи да умрам на теренот“ рече бразилскиот ас.
Тој ја освои еднаш Лигата на шампиони во дресот на Барселона, во 2015 година.