Пелистер ја шокираше Шкендија, Струга победи кај Шкупи

Пелистер ја шокираше Шкендија, Струга победи кај Шкупи

пред 3 години

Попладнево се одиграа натпреварите од 18.коло, во Првата македонска фудбалска лига. Во ова коло порази, на домашен терен, забележаа првите три тима на табелата: Шкендија, Шкупи и Македонија ЃП.

Фудбалерите на Пелистер направија вистинска сензација со победата над лидерот Шкендија во Тетово. Битолчани славеа минимална победа со голот на Меневски постигнат во 90.минута.

Вардар победата на гостувањето кај Беласица ја најави по само 18 секунди игра, со голот на Мирчевски. Во вториот дел Стојчевски и Цветаноски, со головите во 54. и 61.минута ја потврдија победата.

Ренова, во натпревар со два пресврти успеа да ги однесе бодовите од гостувањето во Ѓорче Петров. Првиот дел им припадна на фудбалерите на Реноа со голот на Муарем. Македонија ЃП, во вториот дел направија пресврт преку Адем и Фернадињо.

Една минта по голот на Фернандињо, на 2:2 израмни Селмани, а во 87.минута важни три бода за Ренова обезбеди Шефити.

Во дербиот на колот, Струга го изненади Шкушпи среде Чаир. Цаке го постигна првиот гол за Струга, израмни Диак, а трите бода на стружани им ги обезбеди јахја во 82.минута.

Со ист резултат (1:2), изненадување во Кратово направија фудбалерите на Академија Пандев. Трпановски и Велиновски погодија за „Пандевци“, а почесниот гол за Силекс го постигна Ивановски.

Работнички, забележа значајна победа над Борец (2:1). Гостите имаа предност од 12.минута со голот на прекец. Три минути подоцна израмни Станковски, а истиот играч во 71.минута им ја обезбеди победата на „романтичарите“.

Резултати:

Беласица-Вардар 0:3
Шкендија-Пелистер 0:1
Силекс-Академија Пандев 1:2
Работнички-Борец 2:1
Шкупи-Струга 1:2
Македонија ЃП-Ренова 2:3

Табела:

Share
Scroll to Top