Легендарната Забине Шмиц, позната и како Кралицата на Нинбургринг, почина по долга и тешка болест на 51-годишна возраст.
Шмиц во 1996 година, стана првата жена која победила во трката „Nurburgring 24 Hours“, а по завршувањето на успената кариера, подготвуваше прилози за прочуената емисија на BBC, „Top Gear“.
„Забине Шмиц почина вчера (во вторникот), по храбрата борба која ја водеше со ракот. Имаше 51 година. Клаус Абелен (сопругот), семејството и пријателите се во длабока тага“, се наведува во соопштението на тимот основан од Шмиц, „Frikadeli Racing team“.
Забине Шмиц по двете титули во 1996 и 1997 година во Нинбург, во 1998 година стана првата жена која победила на „VLN Endurance championship“.