ПСЖ и Манчестер јунајтед заинтересирани за Манчини?

ПСЖ и Манчестер јунајтед заинтересирани за Манчини?

пред 3 години

Според торинскиот „Тутоспорт“, Роберто Манчини е на „радарот“ на големите европски клубови Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед, иако Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) сака да му го продолжи договорот на селекторот.

Манчини има договор до крајот на Светското првенство во 2022 година, но претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина ноедамна изјави дека ќе почнат преговори за продолжување на договорот бидејќи работат на „долгорочен“ проект.

Манчини минатото лето беше поврзуван со Јувентус, а сега се заинтересирани ПСЖ и Манчестер јунајтед – доколку се случи да отиде на „Олд Трафорд“ тоа ќе биде вистински подвиг, бидејќи тој претходно беше тренер на градските ривали Манчестер сити и со нив ја освои првата славна титула од Премиер лигата.

Share
Scroll to Top