Режим во Монца – Балотели морал секој ден да му кажува на Галијани колку ослабел!

Режим во Монца – Балотели морал секој ден да му кажува на Галијани колку ослабел!

пред 4 години

Марио Балотели може уште утре да дебитира за Монца во Серија А, откако клубот во 20-дневна диета му помогнал да ослаби 5 килограми, по што директорот Адријано Галијани му порача дека требал да прави „така“ целата кариера.

30-годишниот Балотели потпиша за клубот со големи амбиции во сопственост на Силвио Берлускони, откако си замина од Бреша во јуни. Тој е поставен во тимот за утрешното дерби со лидерите Салернитана и според „Спорт медијасет“, секое утро морал да му праќа на Галијани фотографија во тоалетот на вагата за да докаже дека се придржува до диетата.

„Се надеваме дека во Монца ќе биде среќен, како што беше во Милан во 2012/13. Потребно му е време бидејќи нема меч од март, но работи напорно, слабее и ги намалува мастите во телото. Го враќаме Супер Марио во форма. Требаше да работи вака цела кариера, штета што пропушти толку години“, изјави Галијани.

Share
Scroll to Top