Светскиот рекордер во скок со стап, 21-годишниот Арман Дуплантис, верува дека може да ги урне сите рекорди кои ги постави оваа година. Сепак, приоритет во 2021 година ќе му бидат Олимписките игри во Токио.
Дуплантис, во февруари, два пати го подобри светскиот рекорд во сала. Најпрвин прескокна 6,17 метри, а на 15.февруари го постави актуелниот рекорд 6,18 метри.
Потоа тој го урна рекордот на Сергеј Бубка на отворено, поставен пред 26 години. Во Рим, во септември, Дуплантис прескокна 6,15 метри.
„Кога бев дете и кога го гледав Бубка, тој ми изгледаше како супер-херој, кој прави невозможни работи. Да го урнам неговиот рекорд ми беше главата цел оваа сезона и успеав во тоа. Верувам дека можам уште многу да напредувам. Колку? Тоа не го знам, но сигурен сум дека можам подобро“, рекол Дуплантис.
Инаку, Бубка, кој во кариерата 30 пати поставувал светски рекорди, смета дека Дуплантис може да прескокне 6,25 метри.
Дуплантис има само една голема желба во наредната година.
„Сакам да освојам златен медал на Олимписките игри, тоа е мојата главна цел во 2021 година“.