Рутински триумф за првата светска тенисерка – пораз за Свитолина на Вимблдон

Рутински триумф за првата светска тенисерка – пораз за Свитолина на Вимблдон

пред 3 години

Првата светска тенисерка, Австралијката Ешли Барти се пласираше во третото коло на Вимблдон откако ја победи 89-тата на ВТА листата, Ана Блинкова од Русија во два сета, со 6-4 и 6-3.

Барти до победата стигна по 90 минути игра во меч со дури 9 брејка – 6 за Австралијката и 3 за Русинката.
Во следно коло Барти ќе ги одмери силите против Катерина Сињакова од Чешка.

Полската тенисерка Магда Линет денеска ја елиминираше од Вимблдон третата носителка Елина Свитолина од Украина со 6-3 и 6-4.

Пресудни на мечот беа 28-те винери на Линет, наспроти само 8 на Свитолина.

Противничка на полската тенисерка во третото коло ќе и биде Шпанката Паула Бедоса која со 2-0 (6-4 и 6-1) ја совлада Јулија Питинцева од Казахстан.

Американката Шелби Роџерс исто така обезбеди следна фаза по победата над Марија Сакари од Грција со 7-5 и 6-4.

На машкиот дел од Вимблдон денеска Германецот Александер Зверев во 3 сета со 7-5, 6-2 и 6-3 го совлада Американецот Сандгрен, а пласман во третото коло обезбеди и Шпанецот Роберто Баутиста Агут кој со 3-2 беше подобар од српскиот интернационалец Кецмановиќ.

Рускиот ас Дмитриј Медведев лесно и брзо со 3-0 (6-4 6-1 и 6-2) го прескокна шпанскиот тенисер Алкараз.

Победа и пласман во следното коло обеззбедија и Бедене, Гарин, Дакворт, Беретини, Мартинез, Нори, Томпсон и Ивашка.

Во тек е дуелот меѓу Швајцарецот Роџер Федерер и уште еден ветеран, Французинот Ришар Гаске.

Share
Scroll to Top