Маурицио Сари е пред промоција за нов тренер на Лацио по денешните состаноци, тврдат повеќе италијански извори.
Поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус, вчера имал состанок со претседателот на „орлите“, Клаудио Лотито, додека денеска на преговори бил пратен неговиот агент, тетовчанецот Фаљи Рамадани, кој преговара со директорот на Лацио, Игли Таре.
Според „Скај спорт Италија“ и „Спорт Италија“, двете страни се блиску до договор ако се исполни првичното барање на Сари дека ќе дојдат потребните засилувања во преодниот рок. Според „Спорт Италија“, Сари ќе заработува 3 милиони евра по сезона плус бонуси во Рим.