Каљари му врачија отказ на Еузебио Ди Франческо и експресно најдоа нов тренер, кој треба да избори опстанок во Серија А.
Каљари, во петокот, доживеаја пораз од Торнио (0:1) и паднаа на 18.место на табелата, со 15 поени, пет помалку од зоната која обезбедува опстанок во Серија А.
Веднаш по поразот, тренерот Ди Франческо доби отказ, иако пред два месеци, тој го продолжи договорот до јуни 2023 година.
Челниците на клубот од Сарднија на местото на Ди Франческо, го донесоа Леонардо Семплучи, кој пред само 12 дена доби отказ во СПАЛ, каде што работеше во изминатите шест годиби.
Каљари и Семплучи договориле соработка до јуни 2022 година. На клупата на Каљари, тој ќе дебитира, викендов против Кротоне.