Солскјер: Можеме да ја освоиме титулата

Солскјер: Можеме да ја освоиме титулата

пред 3 години

Манчестер јунајтед и Манчестер сити, вечерва ќе се соочат во градското дерби. Во пресрет на дуелот, менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, уште еднаш потенцирал дека сезонава тимот има големи амбиции.

Изјавата на Солскјер, доаѓа по елиминацијата од Лигата на шампионите. Во вторникот, Манчестер јунајтед со поразот во Лајпциг, испаднаа во Лига Европа.

Манчестер јунајтед, во дуелот со Сити, влегуваат со четири победи по ред во Премиер лигата.

„Од почетокот на годината го имам чувството дека овој тим може да се вклучи во борба за титулата. Чувствувам дека можеме да ја освоиме титулата во Премиер лигата. Не верувам дека некој лесно ќе стигне до титулата оваа сезона, ќе биде тоа борба до последното коло. Ние во секој натпревар влегуваме со цел да победиме. Можеби ова е најдобриот одговор за нашите шанси во шампионската трка, доколку победиме на сите натпревари ќе бидеме шампиони“, рекол Солскјер.

Манчестерското дерби на „Олд Трафорд“ ќе започне во 18.30 часот.

Share
Scroll to Top