Солскјер не извадил ист тим во 18 меча оваа сезона!

Солскјер не извадил ист тим во 18 меча оваа сезона!

пред 3 години

Ветераните во тимот на Манчестер јунајтед биле целосно зачудени од постојаните промени на тренерот Оле Гунар Солскјер, тврди британскиот „Телеграф“, посебно бидејќи во 18 меча оваа сезона, тој не изнел ист тим на теренот.

На пример, при 3:2 поразот од РБ Лајпциг во вторникот, тој играше со 3-4-1-2 формација, откако неколку дена претходно стигна до 3:1 победа над Саутемптон со 4-2-3-1. Сепак, негова најпреферирана формација е 4-2-3-1, иако Јунајтед оваа сезона играа и со 4-1-2-1-2.

„Има премногу сецкање и менување, на персоналот и на системот. Тоа не дава можност да се создадат и изградат односите на теренот“, вели анонимниот извор од Јунајтед за „Телеграф“.

Изворот исто така тврди дека средниот ред му е најголемата главоболка на Солскјер. Бруно Фернандеш е единствен сигурен стартер, но од другите никој не е сигурен – Солскјер користел 11 различни партнерства во 16 меча од Премиер лигата и ЛШ и девет комбинации биле искористени ссамо еднаш. На пример во саботата во средината играа Скот Мектоминеј, Пол Погба и Дони ван де Бек, додека во средата во игра беа Мектоминеј, Немања Матиќ и Фернандеш.

Според „Телеграф“, Солскјер ја заддржува довербата на клубот и на играчите, кои сметаат дека не е фер што не се донесоа поголеми засилувања во текот на летото, посебно по неуспехот со Џејдон Санчо. Останува да се види до кога ќе биде така.

Share
Scroll to Top