„Солскјер од мене ќе добие лизгачки старт“

„Солскјер од мене ќе добие лизгачки старт“

пред 3 години

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман, со нетрпение го очекува гостувањето на „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед вечерва ќе го пречека Лајпциг, во Лигата на шампионите.

Наглесман кој е голем навивач на Баерн Минхен, на новинарите им открил дека не може да го преболи поразот на Баварците од Јунајтед во финалето, во Лигата на шампионите на 26.мај 1999 година. Во култното финале, Манчестер Јунајтед, со два гола во интервал од 40 секундо, во финишот на мечот го победи Баерн.

Нагелсман тогаш имал 11 години, не заборавил дека таа вечер му ја расипал сегашниот менаџер на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

„Кога ќе го видам ќе му влезам со лизгачки старт“, им рекол Нагелсман на новинарите.

„Бев несреќен по тоа финале. И мојот татко ме провоцираше, тој е голем навивач на Борусија Менхенгладбах. Беше среќен поради поразот на Баерн“.

Јунајтед и Лајпциг, новата сезона во Лигата на шампионите, ја започнаа со победи над ПСЖ во гости, односно Башакшекир на домашен терен.



Share
Scroll to Top