Трансферот на Суарез не бил бесплатен – Барса може да заработи 11.000.000 евра

Трансферот на Суарез не бил бесплатен – Барса може да заработи 11.000.000 евра

пред 4 години

Трансферот на Луис Суарез од Барселона во Атлетико Мадрид се уште е актуелен во шпанската јавност. Уругавецот, по доаѓањето на Роналд Куман беше избркан од клубот. Шпанците тогаш тврдеа, дека третиот најдобар стрелец во историјата на Барселона, од клубот заминал бесплатно.

Барселона сепак ќе заработи некоја пара од трансферот на фудбалерот, за чии трансфер од Ливерпул, во 2014 година, издвои 82.300.000 евра.

Клубот од „Ноу Камп“, со заминувањето на Суарез, заштедил 5.000.000 евра од трансферот на Антоан Гризман. Францускиот репрезентативец, во 2019 година се пресели во Барселона за 120.000.000 евра.

Атлетико веднаш најавија тужба, поткрепена со докази, дека челниците на Барселона преговарале со Гризман, во момент кога неговата откупна калузула изнесувала 200.000.000 евра.

За да не се влечкаат по судовите, клубовите се договориле, Барселона да исплати уште 15.000.000 на три рати.

Со трансферот на Суарез, Атлетико им простиле една рата, значи 5.000.000 евра.

Барселона, може дополнително да заработи уште 6.000.000 евра.

Условот за првите 2.000.000 евра веќе е исполнет, Суарез од почетокот на сезоната има одиграно 20 натпревари за Атлетико.

Вторите два услови, кои носат по дополнителни 2.000.000 евра се поврзани со Лигата на шампионите. За да се слеат овие бонуси во касата на Барселона, Атлетико, оваа и наредната сезона, ќе треба да влезе во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Значи доколку бидат исполнети сите услови од договорот, Барселона, максимално од трансферот на Суарез, може да заработи 11.000.000 евра.

Share
Scroll to Top