„Тренерот им е во затвор, а тие беа подобро водени од Тотенхем“

„Тренерот им е во затвор, а тие беа подобро водени од Тотенхем“

пред 4 години

Бес и незадоволство кај навивачите предизвика сензационалната елиминација на Тотенхем од Лига Европа. Динамо Загреб, на Максимир, по продолженијата, со хет-трикот на Оршиќ, го победи Тотенхем со 3:0.

Армијата навивачи на Тотенхем, незадоволството го искажаа на социјалните мрежи. Од големиот број објави се издвојува онаа на новинарот Џејмс Дикенс, кој инаку е голем навивач на клубот од северен Лондон.

„Динамо на теренот беа подобро водени од Тотенхем, а нивниот тренер е во затвор“, напишал Дикенс на Твитер, алудирајќи на актуелните случувања во Динамо.

Неколку дена пред натпреварот, Зоран Мамиќ, поднесе оставка на тренерската функција, откако Врховниот суд ја потврди неговата затворска казна.

 

Share
Scroll to Top