УФЦ: По бруталниот нокаут за малку ќе го изгубеше увото! (вознемирувачко)

УФЦ: По бруталниот нокаут за малку ќе го изгубеше увото! (вознемирувачко)

пред 3 години

Макс Грифин го стопираше Рамиз Брахимаџ во третата рунда во најбруталниот меч на УФЦ Вегас 13 во саботата навечер, кога за малку ќе му го откинеше увото на противникот.

Судијата го прекина мечот по само две минути во третата рунда, а и самиот Грифин реагираше со зачудување откако сфати дека ударот со лактот за малку ќе резултираше со сериозна повреда.

Ова е уште еден чекор назад за Брахимаџ, кој требаше да дебитира во УФЦ минатата година, но мораше да се повлече откако медицинските тестови покажаа дека има тумор на окото и мораше да оди на операција. Сега, година подоцна, во неговото деби, тој претрпе ваква повреда.

Share
Scroll to Top