„Федерер е Г.О.А.Т, не прави скандали како Ѓоковиќ“

„Федерер е Г.О.А.Т, не прави скандали како Ѓоковиќ“

пред 3 години

Кога си анонимен тенисер и сакаш да го привлечеш вниманието на пошироката тениска јавност, тогаш најдобро е да „удриш“ по Новак Ѓоковиќ. Овој рецепт го примени Германецот Оскар Оте, 152. на АТП листата.

Оте, вчера, во маратонски меч, загуби од Енди Мареј во второто коло на Вимблдон. По мечот на задолжителната прес конференција, одговарајќи на новинарски прашања, истакнал дека Роџер Федерер е неговиот фаворит во трката за најдобриот на сите времиња.

„Нема подобар играч од Федерер. За жал е сум објективен. Му се восхитувам. Тој е вистинска тениска фигура. Изгради беспрекорен имиџ, не правеше скандали какви што правеше Ѓоковиќ“, рекол Оте.

Инаку, Оте имал можност да игра против Федерер. Во 2019 година, Швајцарецот го декласираше на Роланд Гарос во првото коло.

Share
Scroll to Top