Фенербахче го договорија Ертел и чекаат одговор од Гудуриќ

Фенербахче го договорија Ертел и чекаат одговор од Гудуриќ

пред 4 години

Кошаркарскиот клуб Фенербахче, во наредниот период ќе се засили со двајца врвни кошаркари., Тома Ертел и Марку Гудуриќ.

Трансферот на Ертел турскиот клуб веќе го договорил, додека Гудуриќ допрва ќе ја решава својата судбина.

Ертел оваа сезона речиси ид а не игра во Барселона, поради што и реши да замине. Сезонава има просек од 4,5 поени и 3,5 асистенции по натпревар.

Францскиот репрезентативец ќе потпише договор со Фенербахче до крајот на сезоната.

Ситуацијата со Гудуриќ е малку поинаква. Српскиот репрезентативец доби отказ во Мемфис Гризлис каде минатата сезона имаше просек од 3,9 поени, една асистенција и 1,7 скока по натпревар.

Мемфис ќе му ја исплати ова година од договорот, станува збор за сума од 2,75 милиони долари. Реално е Гудуриќ да се врати во Европа, бидејќи за него нема интерес кај другите клубови во НБА лигата.

Турците му нудат договор до крајот на сезоната, со опција тој да биде продолжен на две сезони.

Марко Гудуриќ од редовите на Фенербахче на почетокот на минатата сезона замина во Мемфис.

Share
Scroll to Top