Ферара: Диего беше анти-херој и покрај сите слабости стана најдобриот во историјата

Ферара: Диего беше анти-херој и покрај сите слабости стана најдобриот во историјата

пред 4 години

Чиро Ферара, прославениот италијански репрезентативец, шампион на Италија со Наполи и Јувентус, на „Твич“ кај Бобо Виери, проговорил за смртта на својот голем пријател, Диего Марадона.

Кога Марадона, го шокира фудбалскиот свет со потписот за Наполи, Ферара имал 17 години и таа сезона бил промовиран во првотимец.

Марадона му бил како ментор, заедно ги освоиле двете титули за Наполи во Серија А, односно Купот на Италија и Купот на УЕФА.

Беа на спротивните страни во полу-финалето на СП, кога Аргетнина по изведувањето на пенали ја елиминираше Италија.

Пред мечот Марадона ги повика наполитанците да навиваат за него и за Аргентина, а против својата татковина. Тој повик Италија никогаш не му го прости. По СП започна падот на Марадона, падна на допинг-тестот, доби суспензија од 15 месеци и тивко го напушти Наполи.

„Кога дојдов во Неалоп ме пречекаа 85.000 луѓе, кога заминував, заминав сам“, рекол Марадона.

Ферара е еден од ретките луѓе што секогаш биле со него. Тој искрено говорел во „Твичот“ на Виери.

„Во шок сум, ова се тешки моменти. Кога ја дознав тажната вест не сакав да разговарам со медиумите. Сепак, по неколку дена чувствувам потреба да кажам нешто за својот соиграч и голем пријател. Сите сме тажни поради она што се случи, верувам дека Диего мирно замина. Растев крај него, за него ме врзуваат незаборавни спомени“, рекол Ферара и продолжил.

„Тој е мој пријател и секогаш го бранев, но тој плати за своите грешки. Некој вели дека Диего е херој, јас велам дека хероите се совршени, тие не прават грешки. Диего беше анти-јунак. И покрај сите свои слабости, стана најдобриот во историјата“.

Share
Scroll to Top