Шпанија, на Картука стадионот во Севилја, не успеа да ја победи Шведска, во првото коло во Е-групата, на Европското првенство. Играчите на „црвената фурија“ не го криеле разочарувањето од нерешениот резултат 0:0, за кој сами се виновни, бидејќи не успеаја да реализираат ниту една од неколкуте добри шанси за гол.
„Целиот тим е фрустриран, многу труд вложивме во овој натпревар. Од десет вакви натпревари мислам дека би победиле во девет“, рекол 27-годишниот Ајмерик Лапорт.
„Едноставно, сега треба да го заборавиме овој натпревар и да се насочиме кон следниот и да се обидеме да победиме“, истакнал играчот на Манчестер сити.
Шпанија во наредната рунда ќе игра против Полска, во сабота од 21 часот. Полјаците, вчера доживеаја пораз од Словачка.