Луис Хамилтон, последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби ја заврши на третото место. Светскиот шампион, се врати на патеката, откако поради коронавирусот, не возеше на претходната трка, Големата награда на Схир во бахреин.
Макс Ферстапен од Ред Бул и Валтери Ботас од Мерцедес трката ја завршија пред Хамилтон. Во вкупниот пласман Хамилтон заврши на првото, Ботас на второто место, а Мерцедес доминатно ја освои титулата меѓу конструкторите.
„Уништен сум. Не се чувствувам добро, среќен сум и балгодарен што сум жив. Животот е секојдневна борба, успеав да завршам на подиумот“, рекол Хамилтон и дополнил.
Со трката во Абу даби заврши и договорот на Британецот со Мерцедес. Иако нема договор тимот го пријави за наредната сезона. Според најавите, Хамилтон и Мерцедес, пред Божик ќе го потпишат новиот договор.