Кошаркарите на Црвена Звезда во осмото коло од АБА лигата го совладаа вечниот ривал Партизан со резултат 90:74. Мечот имаше прекин пред крајот на првата четвртина, откако навивачите фрлаа тврди предмети на теренот, но по околу 40 минути дуелот продолжи.
Беше неизвесно се до 37.минута, а потоа Црвена Звезда направи голема серија и го доби мечот со голема разлика. Последниот период „црвено-белите“ го добија со 20:9.
Лука Вилдоза со 19 поени и Немања Недовиќ со 17 поени ја предводеа поентерски Црвена Звезда на овој меч. Јоанис Папапетру постигна 15 кошеви за Партизан.