Црните прогнози станаа реалност – Нејмар цел месец ќе паузира

Црните прогнози станаа реалност – Нејмар цел месец ќе паузира

пред 4 години

ПСЖ во Лигата на шампионите на двомечот против Барселона ќе е без најдобриот играч. Потврдена е долгата пауза за Нејмар по синоќашната повреда на Куп мечот со Каен.

Бразилецот со сигурност ќе го пропушти првиот меч од осминафиналето во ЛШ со Барса закажан за следниот вторник, а голема е веројатноста дека нема да може да им помогне на соиграчите и на ревашот закажан за 10. Март.

Прогнозите се дека Нејмар ќе е надвор од стројот најмалку 4 недели.

За потсетување Барселона и ПСЖ во 2017 година исто така се состанаа во нокаут фазата од ЛШ. По 4-0 предноста за „Светците“ во Париз, Барса во реваншот на „Ноу Камп“ славеше со 6-1.

Share
Scroll to Top