Чави Симонс реши да остане во Лајпциг

Чави Симонс реши да остане во Лајпциг

пред 3 месеци

Баерн Минхен сигурно ова лето нема да го реализира трансферот на Чави Симонс.

За холандскиот репрезентативец кој има фантастична сезона во Лајпциг се интересираа неколку врвни клубови, а Баерн дефинитивно покажа најголем интерес.

Сепак, Симонс одлучи дека е најдобро за него да остане барем уште една година во Лајпциг.

Откако ја донел одлуката, Симонс ги информирал сите заинтересирани. Ова значи дека Баерн ќе мора да бара друго решение.

Макс Еберл, спортскиот директор на Баерн Минхен, како прв пик сега го истакна Дезире Дуе.

Ова момче има само 19 години и моментално е член на францускиот олимписки тим, игра за Рен и блескаше минатата сезона.

Share
Scroll to Top