Чао Донарума – Мањан е нов голман на Милан

Чао Донарума – Мањан е нов голман на Милан

пред 3 години

Мајк Мањан, најдобриот голман во Франција, од наредната сезона ќе го носи дресот на Милан. Трансферот на голманот на Лил значи крај за Џанлуиџи Донарума во клубот.

Мањан, заедно со Бурук Јилмаз и Жозе Фонт е најзаслужниот за титулата која ја освоил Лил оваа сезона во Лига 1. Францускиот репрезентативец на 21 натпревар сезонава не прими гол.

Милан за 26-годишниот голман на Лил ќе им плати 13 милиони евра, уште два милиони францускиот клуб може да добие од одредени бонуси. Мањан во Милан ќе остане до јуни 2026 година. Неговата плата на годишно ниво ќе изнесува 2,8 милиони евра.

Трансферот на Мањан значи дека Донарума ќе го напушти клубот и дека најверојатно ќе се пресели во Јувентус.

Договорот на Донарума со Милан истекува за 36 дена. Повеќе месечните преговори кои ги водеа луѓето од Милан со менаџерот на голманот пропаднаа поради нереалните финансиски барања. Мино Рајол за својот клиент бара годишна плата од 12 милиони евра.

Share
Scroll to Top