Шарапова се сврши со британски трговец со уметнички дела

Шарапова се сврши со британски трговец со уметнички дела

пред 4 години

Поранешната руска тениска ѕвезда, Марија Шарапова потврди дека се сврши со своето долгогодишно момче, британскиот бизнисмен и ко-основач на онлајн аукциската куќа „Педл 8“, Александер Гилкс, со кого е во врска речиси три години.

Двојката преку социјалните мрежи објавија дека сега се свршени, иако петкратната гренд слем шампионка откри дека кажала да уште на стартот на нивната врска.

„Кажав да уште од првиот ден. Ова беше наша мала тајна, нели“, напиша Шарапова.

Шарапова претходно беше свршена со НБА кошаркарот Саша Вујачиќ од 2010, но во 2012 раскина со Словенецот откако тој се пресели во Истанбул. Потоа таа беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров пред да раскинат во 2015 година.

41-годишниот Гилкс, кој учел со принцот Вилијам во елитното училиште Итон, претходно беше оженет за модната дизајнерка Миша Нону, пред разводот во 2016 година.

Share
Scroll to Top