Ѓоковиќ: Не ме интересира АТП листата

Ѓоковиќ: Не ме интересира АТП листата

пред 3 години

Откако стана тенисерот со најмногу недели минати на првото место на АТП листата и продолжи да го подобрува сопствениот рекорд, Новак Ѓоковиќ изјави дека повеќе не го интересира пласманот на листата.

„Доаѓа до смена на генерациите, тоа го говорат и резултатите. Овие момци играат секоја недела. Тука се Рубљов, Беретини, Зверев, Циципас, и останатите играат одлично, освојуваат важни поени. Тука е Медведев, Тим е неколку години при врвот. Неизбежно е да ме симнат од врвот. Промените доаѓаат, дали тоа ќе биде за еден месец или за една година, тоа не го знам. Знам дека промените доаѓаат“, им изјавил Ѓоковиќ на новинарите во Рим и дополнил.

„Првото место повеќе не ме интересира. Сега ме интересираат само Гренд слем трофеите“.

Share
Scroll to Top