Јувентус го победи мексиканскиот тим Гвадалахара во Лас Вегас

Јувентус го победи мексиканскиот тим Гвадалахара во Лас Вегас

пред 2 години

Италијанскиот калчолигаш Јувентус стигна до победа од 2:0 над мексиканскиот тим Чивас Гвадалахара во првиот претсезонски натпревар кој се одигра во Лас Вегас. За тимот на Масимилијано Алегри, Марко да Граса погоди во десеттата минута, а Матија Компањон го постави конечниот резултат во 80.минута од мечот. Во следниот натпревар Јувентус ќе се соочи со Барселона на 27 јули, а на 31 јули „бјанконерите“ ќе се сретнат со Реал Мадрид.

Натпреварот во Лас Вегас се одигра во фантастична атмосфера. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се одлучи за две различни формации во двете полувремиња.
Јувентус го отвори резултатот во 10. минута. Анхел ди Марија нафрли од слободен удар, по што најдобро се снајде Да Граса и ја испрати топката во мрежата.

Во 32. минута Јувентус можеше да стигне и до втор гол по ударот од далечина на Фаџоли, кој ја погоди рамката од голот.

По промените направени во вториот дел, ситуацијата на теренот не се промени и Јувентус продолжи да биде подобриот тим. Во 80. минута, Матија Компањон го постигна вториот гол за „бјанконерите“.

Share
Scroll to Top