Јута Џез славеа над Мајами Хит, а Бруклин Нетс триумфираа во Сан Франциско, кај Голден стејт Вориорс, во двата најинтересни натпревари одиграни во НБА лигата, во текот на ноќта.
Бруклин, предводени од големата тројка (Харден-Дурент-Ирвинг), ги победија Вориорс со 134:117. Ирвинг постигна 23 поени, Дурент три помалку, а Харден го делеа два скока од трпл-дабл. „Брадата“ забележа 19 поени, 16 асистенции и осум скока.
Вориорс ги предводеа Стеф Кари со 27 поени, односно Кевин Убре со 17 поени и 10 скока.
Најдобриот тим во лигата, Јута Џез, добрата форма ја демонстрираше и против вице-првакот Мајами Хит. Џезерите славеа со 112:94.
Донован Мичел постигна 26 поени, Бојан Богдановиќ 19, а Руди Гобер мечот го заврши со 16 поени и 12 скокови.
На спротивната страна се истакна Кендирк Нан со 25 поени.