Џемба-Џемба, кој дебитираше во Јунајтед заедно со Роналдо, замина во пензија

Џемба-Џемба, кој дебитираше во Јунајтед заедно со Роналдо, замина во пензија

пред 3 години

На 16 август 2003, Сер Алекс Фергусон внесе две млади замени на првиот меч од сезоната 2003/04 во Премиер лигата против Болтон – Кристијано Роналдо и Ерик Џемба-Џемба. Сега, пред второто деби на Кристијано Роналдо за „ѓаволите“, Камерунецот Џемба-Џемба објави дека ставил крај на кариерата, шест години од неговиот последен професионален меч.

40-годишниот Камерунец  во ниту еден момент не ги исполни големите очекувања кои ги имаше Сер Алекс Фергусон кога го купи од Нант, со надеж дека ќе биде долгорочен наследник на Рој Кин. Тој одигра само 20 премиерлигашки меча за Јуанјтед, пред да биде продаден за 1.5 милиони фунти во 2005.

Во следната деценија тој имаше „номадска“ кариера, играјќи за Барнли, Сент Мирен, Катар СЦ, Хапоел Тел Авив и Партизан. Најдолго остана во Данска, каде што имаше 102 настапи за Оденсе.

„Официјално се повлекувам од фудбалската кариера. Имам фудбалска академија во Камерун и ќе се обидам да им пренесам што значи да си фудбалер, како да направиш успешна кариера.  Го обожавав моето име во Манчестер јунајтед, иако беше разочарувачки на крајот.  Останува искуството да се игра покрај такви фудбалери“, вели Џемба-Џемба за „Дејли стар“.

Share
Scroll to Top